во ,

И покрај протестите на верските заедници, Албанија го усвои Законот за родова еднаквост

Албанскиот парламент доцна синоќа со 77 гласа „за“ и 36 „против“ го усвои законот за родова еднаквост.

Според образложението, Законот има за цел да го хармонизира албанското законодавство со стандардите на Европската Унија за човекови права и еднаков третман на жените и мажите.

Повеќе од само закон – усогласување со ЕУ

„Новиот закон има за цел да ја подобри постојната законска рамка за да обезбеди еднакви можности во вработувањето, образованието, застапеноста во процесот на донесување одлуки и заштита од каква било форма на дискриминација врз основа на пол“, се додава во образложението.

Законот, за кој гласаа пратениците од владејачкото мнозинство, предвидува нови институционални механизми за ефикасно спроведување на стандардите за еднаквост.

Протести од верските заедници и опозицијата

Против донесувањето на законот, освен опозицијата, беа и верските заедници, а протести организираа и граѓански здруженија, кои оценија дека тој претставува „закана за албанското традиционално семејство“.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јапонија и САД нуркаат по „нафтата на 21 век“: Почнува битката за дното на океанот

Кина ѝ дише во вратот на Америка: Заплови „Фуџијан“, носач со технологија што ја има само САД.