во ,

Како грдото пајче стана легенда: Нераскажаната приказна на Ханс Кристијан Андерсен

Андерсен: Како грдото пајче стана легенда и неговите бајки го освоија светот

Ханс Кристијан Андерсен, еден од најголемите писатели на сите времиња, остави зад себе наследство што ги надмина границите на јазикот, културата и времето. Неговите бајки, преведени на повеќе од 150 јазици, и денес се читаат и прераскажуваат, инспирирајќи филмови, балети и претстави. Неговите приказни не се само за деца, туку и за возрасните, со силни пораки за осаменоста, надежта и достоинството.

Ханс Кристијан Андерсен е роден на 2 април 1805 година во данскиот град Оденсе. Потекнува од скромно семејство. Неговиот татко бил чевлар, а мајка му перачка. Како дете, Андерсен бил повлечен и фантазерски настроен. Уште од мали нозе, развил голема страст кон театарот и приказните. Како тинејџер, се преселил во Копенхаген со голема амбиција да стане пејач или актер. Иако бил сиромашен и често отфрлен, тој упорно се обидувал да го најде своето место во уметничкиот свет.

Супер Летен Попуст

Благодарение на стипендиите што ги добил од богати покровители кои го препознале неговиот талент, Андерсен го продолжил своето образование и почнал да пишува. На почетокот пишувал поезија, патеписи и романи. Но, вистинска меѓународна слава стекнал со бајките, кои почнал да ги објавува во 1835 година. За разлика од бајките на браќата Грим, кои се базираат на фолклорот, приказните на Андерсен биле оригинални. Често биле инспирирани од неговиот внатрешен свет и сопствените искуства.

Автобиографски елементи и длабоки пораки во бајките на Андерсен

Бајките на Андерсен, како „Малата сирена“, „Снежната кралица“ и „Грдото пајче“, не се само приказни за магија и чуда. Тие се и длабоки приказни за човечкото страдање, осаменоста, надежта и љубовта. Во неговите дела, животните размислуваат, предметите имаат чувства, а децата се соочуваат со егзистенцијални прашања.

Многу од неговите приказни имаат тажен крај, што е невообичаено за жанрот. Современите автори и психолози препознаваат автобиографски елементи во овие бајки. Отфрлените и погрешно разбраните ликови често го отсликуваат самиот Андерсен. Тој цел живот се борел со чувството на изолација поради своето социјално потекло.

Андерсен бил и поет, драматург и патописец, но светот најмногу го памети по неговите бајки. Веќе во 19 век, неговите раскази ги освоиле читателите низ Европа. До крајот на животот бил почитуван низ целиот континент, примен во кралските дворови и меѓу интелектуалната елита.

Зад себе оставил повеќе од 150 бајки, кои станаа класици на светската литература. Во негова чест, во родниот Оденсе има музеј, а Меѓународниот ден на детската книга се слави на неговиот роденден, 2 април.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пристигнува Wi-Fi 8, и тој е целосно поинаков од сè што сте виделе

Протекоа првите детали за PlayStation 6: ќе биде ѕвер, а цената ќе ве изненади