во ,

Кога претседателката ќе ти дојде на „свежо“: хеликоптер заглавен во влажен бетон

Официјалната посета на индиската претседателка Драупади Мурму на регионот Сабаримала во јужна Индија неочекувано го привлече вниманието на јавноста поради пропуст во организацијата на слетувањето.

Хеликоптерот што ја превезувал претседателката слетал без проблеми, но не можел повторно да полета – се заглавил во свежо излеан бетон на импровизираниот хелиодром.

За сите храбри борци

Според извештаите на локалните медиуми, поради неповолните временски услови, претходно планираната локација за слетување морала да биде променета во последен момент. Новата писта, која не била технички опремена за вакви летови, била „подготвена“ набрзина – бетонот бил излеан само неколку часа пред доаѓањето на претседателката.

Повеќе од само инцидент – спасување со пожарникари

Набргу по слетувањето, хеликоптерот почнал полека да тоне во мекиот бетон. Со интервенција на пожарникарите и припадниците на полицијата, леталото било извлечено без поголеми оштетувања, а инцидентот поминал без повредени, пренесува Аваз.

На социјалните мрежи брзо се појавија снимки од необичната ситуација, предизвикувајќи бројни реакции и прашања за одговорноста на оние кои ги надгледувале безбедносните подготовки.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Младоженецот се „газеше“ од смеа, додека невестата врескаше поради скакулец под фустанот

Најбизарната кражба во Шпанија: уапсена банда што крадела само столици