
Необична кражба во Единбург: Крадец со електричен велосипед украде дрвен војник висок два метри
Безбедносните камери снимија сцена како од комичен празничен филм пред коктел бар во Единбург, каде маж со големи маки успева да натовари масивен дрвен кип преку својот електричен велосипед и да избега. Украдениот војник, наречен „Нолан“, бил дел од божиќната декорација, а неговиот „брат“ Нелсон за среќа останал на безбедно.
Апел од сопственикот: „Врати го и сè ќе биде во ред“
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Сопственикот Пол Бакстон е разочаран не само од кражбата и скршената маса вредна стотици фунти, туку и од фактот што никој од минувачите не реагирал иако кражбата траела неколку минути. Барот упати јавен апел: „Ако крадецот го врати кипот, сè ќе биде во ред“, иако сопственикот не е голем оптимист дека Нолан ќе се врати дома.


