
Биткоинот се разбуди од зимскиот сон: Пробиена границата од 90.000 долари
По долгиот период на стагнација додека традиционалните берзи уриваа рекорди, крипто-пазарот конечно покажува знаци на живот. За време на азиската трговска сесија, Биткоинот (BTC) ја проби психолошката граница од 90.000 долари, бележејќи раст од над 3%. Следејќи го овој тренд, и Етерот (ETH) скокна над 3.000 долари. Ова е прв сериозен импулс по „црниот октомври“ кога беа избришани 19 милијарди долари од пазарот.
Ефект на Трамп или краткорочен блеф?
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Аналитичарите посочуваат дека растот е поттикнат од малите инвеститори и зголемениот оптимизам на фјучерс-пазарите. Иако регулаторната клима во САД е поволна под администрацијата на Доналд Трамп, експертите остануваат претпазливи. Биткоинот сè уште е во минус од 4% од почетокот на 2025 година (во споредба со јануари), па главното прашање е дали ова е почеток на вистинско закрепнување или само краткорочен технички скок.


