
Санкциите остануваат, суштинските прашања нерешени
Во своето обраќање, Лавров предупреди да не се негуваат преголеми илузии во врска со договорот за дизел-горивото, кој предвидува привремено укинување на одредени санкции за да се овозможи набавка на руско гориво и стабилизирање на цените. Тој изрази незадоволство што суштинските прашања сè уште тапкаат во место, додавајќи дека санкциите воведени од претходната администрација на Џо Бајден не само што продолжуваат, туку и се прошируваат со нови мерки против руските нафтени гиганти „Лукоил“ и „Роснефт“.
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден
Мировни преговори во Абу Даби и инцидентот со фотографијата
Во однос на конфликтот, Лавров потврди дека преговарачките позиции се веќе јасни и најави можни трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија. Според информациите од Кремљ, делегациите планираат да се сретнат кон средината на ноември во Абу Даби за да ги продолжат прекинатите разговори за можно мировно решение.
На маргините на самитот, рускиот министер не пропушти да го критикува германскиот колега Јохан Вадепул. Откако Вадепул одбил европските претставници да бидат фотографирани заедно со Лавров, традиционалното заедничко фотографирање на Г20 беше откажано.
„Јас тоа го нарекувам дипломатија на семејни фотографии. Ако најважното нешто за нив е како изгледаат на една заедничка фотографија и кој стои до нив, тогаш тоа кажува сè за нивните приоритети“, истакна Лавров.


