
Бегство низ прозорец и извештај за „недостапност“
Според информациите објавени од партијата, случајот се однесува на девојка од Битола која пријавила дека претрпела тепање и закани по живот од нејзиниот партнер. Во нејзиното сведочење таа навела дека насилникот ја давел со голи раце и не ѝ дозволувал да дише. Меѓутоа, наместо осомничениот веднаш да биде задржан и процесуиран според законот, тој успеал да им избега на полициските службеници скокајќи низ прозорец од самата станица во Битола.
Левица реагира дека скандалот е уште поголем поради фактот што МВР до Обвинителството доставило само известување во кое лицето се води како „недостапно“, без притоа воопшто да се наведе дека тоа всушност избегало од нивните простории. Тие додаваат дека досега полицијата нема поднесено ниту кривична пријава по службена должност за делото.
Кого штити полицијата?
Во своето соопштение, партијата директно го прозва министерот Тошковски, прашувајќи дали повторно се работи за насилник кој е близок до владејачките структури и кој ужива посебен третман од страна на полицијата. Тие потсетуваат и на претходни случаи на фемицид каде, и покрај водените дисциплински постапки, ниту еден полициски службеник не одговарал кривично за своето непостапување, кое може да има фатални последици за жртвите на насилство.
„Тошковски итно да објасни пред јавноста како тепач на жени бега од полициска станица и четири дена полицијата не може да го лоцира, додека министерот тврди дека испратил насоки во МВР сите случаи со семејно насилство да бидат експедитивно процесуирани.“ — се наведува во соопштението на Левица.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден







