
Квотата се намалува од 50.000 на 25.000 работници годишно
Германската влада подготвува мерка со која од 1 јануари 2027 година двојно ќе се скрати бројот на одобренија за работа што се издаваат според посебниот олеснет режим. Наместо досегашните 50.000, годишната квота за шесте земји од регионот – Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово – ќе се сведе на само 25.000 работни визи.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Ова драстично намалување значи дека конкуренцијата меѓу апликантите ќе стане значително поголема, а термините за добивање одобрение преку амбасадите ќе бидат двојно поретки и потешки за обезбедување.
Зголемената невработеност во Германија како главен мотив
Популарното „Правило за Западен Балкан“ со години важеше за најбрз мост за вработување во Германија, бидејќи овозможува добивање работна дозвола единствено врз основа на валиден договор со работодавач, дури и за работни позиции за кои не е потребна формална стручна квалификација.
Новата мерка е дел од широк реформски пакет од вкупно 34 точки, усогласен од германската владејачка коалиција (CDU/CSU и SPD).
„Главна причина за преполовувањето на квотата е растот на домашната стапка на невработеност во земјата. Германија има цел да даде предност на сопствениот пазар на труд, поради што пристапот за работници надвор од Европската Унија ќе биде ставен под многу построга контрола“, се наведува во образложението на германските власти.


