
Лука Дончиќ е новиот ‘крал’ на Лос Анџелес: Со 49 поени ја уништи Минесота и постави историски НБА рекорд
Словенечкиот магионичар Лука Дончиќ ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата, потврдувајќи дека оваа сезона влегува како главен фаворит за МВП наградата. Во спектакуларен настап, тој ги предводеше своите Лос Анџелес Лејкерс до убедлива победа над Минесота Тимбервулвс од 128:110, во натпревар во кој постави нов, историски рекорд за целата лига.
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Дончиќ беше апсолутно незапирлив и го заврши натпреварот со неверојатни 49 поени, 11 скокови и 8 асистенции. Со оваа партија, тој стана првиот играч во историјата на НБА кој успеал да постигне повеќе од 40 поени, 10 скока и 5 асистенции во првите два натпревари од сезоната. Ова е јасен показател дека Словенецот е подготвен да ги одведе Лејкерси до самиот врв.
Лејкерси не се само Дончиќ: Блескаа и Ривс, Хачимура и Ејтон
Иако „Лука Магијата“ беше во центарот на вниманието, целиот тим на Лејкерс покажа дека ќе биде сериозна сила оваа сезона. Извонредна партија одигра и Остин Ривс, кој забележа дабл-дабл од 25 поени и 11 асистенции, дополнети со 7 скокови. Одличен беше и Руи Хачимура со 23 поени, додека новиот центар Диандре Ајтон придонесе со 15 поени и 8 скока.
Кај поразената Минесота, која не најде решение за нападот на Лејкерс, најефикасни беа Ентони Едвардс со 31 поен и Џулиус Рендл со 26 поени, 9 скока и 5 асистенции. Во останатите поинтересни натпревари од вечерта, Њујорк Никс ги изненадија Бостон Селтикс, додека Портланд Треил Блејзерс приредија вистинска сензација, декласирајќи ги Голден Стејт Вориорс со 139:119.
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден








