
Македонија денеска ќе биде под силно јулско сонце, а дневната температура ќе достигне до 36 Целзиусови степени. Се очекува мала до умерена локална облачност, информира УХМР.
Засилен ветер долж Повардарието
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Долж Повардарието и во источните делови тој повремено ќе засилува.
Утрински температури од 11 до 21 степен
Минималните температури ќе се движат од 11 до 21 степен. Максималните дневни вредности ќе бидат меѓу 30 и 36 степени.
Во Скопје до 35 степени
Во главниот град времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне 35 степени.
Од среда можни пороен дожд и грмежи
Сончевото и топло време ќе продолжи и во следните денови. Од среда попладне ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


