
Мики Секуловски во центарот на скандалот: ‘Не видов дека е знаме, Цеца немаше појма што се случува’
Македонскиот пејач Мики Секуловски, кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ токму под менторство на Цеца Ражнатовиќ, се најде во епицентарот на скандалот што го потресе Велес. Откако Цеца на концертот го прегрна бугарското знаме, предизвикувајќи лавина од свирежи, Мики, кој беше со неа на сцената, се огласи преку видео на социјалните мрежи за да објасни што точно се случило од негова гледна точка.
Секуловски ја започна својата исповед објаснувајќи дека воопшто не бил свесен за тоа што се случува. Тој вели дека во првиот момент не видел дека Цеца држи знаме, туку забележал само некаков натпис и претпоставил дека е плакат со нејзина слика, каков што фановите често носат. Тој не ни помислил дека може да станува збор за знаме, а најмалку за бугарско.
„Публиката беше со право изреволтирана“
Драмата настанала кога публиката почнала гласно да негодува и да свири. „Тек тогаш се свестив дека таа на неа има бугарско знаме и веднаш го земав и го тргнав знамето“, објаснува Мики. На снимките се гледа како Цеца збунето гледа во него, очигледно не сфаќајќи ја причината за хаосот. „Штетата веќе беше направена“, додава Секуловски.
„Можеби јас порано требаше да изреагирам, но навистина не приметив. Тоа што пробував да ја смирувам публиката, тоа беше затоа што ситуацијата веќе почна да излегува од контрола. Луѓето беа изреволтирани, со право беа изреволтирани“, искрен е тој.
Што кажала Цеца по концертот?
Мики открива и што се случувало зад сцената. Тој разговарал со Цеца, која, според него, била целосно збунета и немала идеја за политичката чувствителност на нејзиниот гест. „Разговарав со неа, таа ми кажа дека нема појма околу нашите односи со Бугарија, дека тие не се воопшто добри“, вели Секуловски.
На крајот, пејачот изрази жалење што еден голем настан во неговиот роден град бил уништен. „Навистина жално и навистина штета што се случи оваа случка, никој не очекуваше дека во мојот град во Македонија ќе се вее бугарското знаме… никој не го помисли тоа. Се надевам дека ќе го поминеме сето ова и дека ќе се сеќаваме само на убави моменти“, заклучи тој.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







