
Многумина мечтаат за луксузни крстосувања, но она што се случува „зад сцената“ често останува незабележано. Една поранешна работничка на ТикТок открива морничави и интригантни детали.
Едно од најшокантните откритија е постоењето на мртовечници на крузерите, кои, според неа, се користат „повеќе отколку што луѓето би можеле да претпостават“. „Ако патник почине за време на пловидбата, неговото тело се чува таму додека бродот не стигне до следното пристаниште“, објаснува таа.
Покрај мртовечницата, постои уште една тајна просторија за која малкумина знаат – затвор. „Лицата кои прават сериозни проблеми често завршуваат во затворската просторија додека бродот не стигне до копно, каде што ги преземаат властите“, открива таа.
Тајната на „превртениот ананас“

Еден од најзанимливите „симболи“ што може да се види на вратите од кабините е слика или магнет од превртен ананас. Тоа не е обична декорација.
„Поедини патници користат превртени ананаси за да пронајдат ‘сродни души’. Овој сигнал укажува на тоа дека се отворени за свингерај (размена на партнери), што е практика која повремено се јавува“, објасни таа.
Љубовни драми меѓу екипажот
Романтичните врски меѓу членовите на екипажот не се новост и се последица на долгите договори и изолацијата. Сепак, таа истакнува дека постои едно строго правило – забранети се врски помеѓу надредените и подредените членови на екипажот.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







