
Продлабочување на билатералната соработка и европската перспектива
Како што соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на средбата било изразено задоволство од континуираниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, како на билатерален план, така и во рамките на регионалните и мултилатералните формати. Соговорниците ја потврдиле заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес.
Посебен акцент бил ставен на европската перспектива на Западниот Балкан и на потребата од континуитет и кредибилитет на процесот на проширување на Европската Унија, како важен поттик за реформите, развојот и стабилноста на регионот. Притоа, министерот Муцунски ја поздравил силната и континуирана поддршка од Унгарија за европската интеграција на Западниот Балкан.
Заедничка определба за регионален мир и стабилност
Воедно, двајцата министри размениле мислења за актуелните регионални и безбедносни предизвици, при што била нагласена заедничката определба за зачувување на мирот, стабилноста и натамошно унапредување на регионалната соработка.
„На средбата беше изразено задоволство од континуираниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, како на билатерален план, така и во рамките на регионалните и мултилатералните формати. Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес“, соопштија од Министерството.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден






