во , ,

Најзелени на светот: 5 модерни градови кои живеат во хармонија со природата

Употребувањето на обновливите извори на енергија и хидроенергии допринесува градовите да бидат почисти, а за разлика од многу северноамерикански градови, Ванкувер го променил и урбаниот стил на живот.

Овие пет градови се големи и значајни во своите земји. Сите тие имаат различна архитектура, модерни градби, но сето тоа што го имаат е направено во состав со природата.

Копенхаген

Супер Попуст -25%

Данската престолнина во текот на годините освојуваше многу награди поврзани со екологијата, што во однос на тоа прашање веќе стана „здодевна“. Меѓутоа, со својата прекрасна велосипедска инфраструктура и можност за пливање тешко е некој да не биде фасциниран. Таму има доволно зеленила, така што Копенхаген во целост е град по човековите мерки.

Ванкувер

Веднаш покрај Тихи океан и дивите планини, се сместил овој канадски град кој што има природна вредност кога станува збор за одржливоста. Употребувањето на обновливите извори на енергија и хидроенергии во овој град допринеле воздухот да биде многу чист. Најимпресивниот парк кој што се наоѓа таму е „Stanley park“.

Амстердам

Овој град одамна е симбол за велосипедистите, „прошаран“ е и со канали, па не треба да ве чуди што е еден од најзелените градови на светот. Таму треба да го посетите некогашното седиште на индустријата „Amsterdam Noord“ и да се опуштите покрај водата или пак да ги истражите руралните нешта, уникатните ресторани, библиотеки и кафулиња.

Сингапур

Иако некогаш го поврзуваат со прекрасните облакодери и екстремната чистотија, Сингапур е најзелениот азиски град. Тој нашол начин за иновации основани врз база на екологијата. Па, така за локалното население градините на крововите од зградите станале начин на живот.

Рејкјавик

Рејкјавик е прекрасен пример за град кој ги користи обновливите извори на енергија. Топлата вода, греењето, електричната енергија доаѓаат од хидроенергијата и геотермалните извори. Преносно – тоа значи дека може да уживате во топлите извори, топлите надворешни базени како и чистиот воздух.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со какви (не)пријатни ситуации се соочуваат луѓето на различни работни места?

40 Најдобри мемиња со Берни Сандерс за време на инаугурацијата на претседателот Џо Бајден