Ја Прогласиле За „Совршена“, Но Не Ја Препознале На Пасошот – Драма На Аеродромот Во Сао Паоло
Бразилската убавица и инфлуенсерка Јанаина Празерес, која норвешкиот Плејбој ја нарече „најубавата жена во светот“, имала непријатна ситуација на аеродромот во Сао Паоло кога полицијата не успеала да ја препознае според фотографијата од нејзиниот пасош.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Јанаина, која до сега потрошила преку 900.000 евра на 20 пластични операции, била шокирана кога службениците ја задржале и почнале да ја испрашуваат бидејќи не личела на фотографијата во документот.
„Знаев дека изгледам многу различно од порано, но не очекував дека ќе ми направат ваков проблем“, изјави манекенката, додавајќи дека полицајците ја третирале како сомнителна иако не направила ништо лошо.

По ова искуство, таа најави дека веднаш ќе го обнови пасошот за да избегне слични ситуации во иднина.
Дали би успеале да ја препознаете според фотографијата во пасошот?



