во ,

Не ја купувајте, замесете ја сами: Најстариот рецепт за Бадникова погача

Ова е вистинската погача за Бадник: Стар народен рецепт кој не смее да се прескокне

Бадниковата вечера не може да помине без мирисот на топла, домашна погача која се крши во тишина, со молитва. Оваа посна погача (Бадњача) има посебно место на трпезата – таа е симбол на бериќет и заедништво. Рецептот е стар, народен и се прави од наједноставни состојки, но со голема почит.

Потребни состојки:

  • 500 гр меко пченично брашно
  • 1 коцка свеж квасец (или 1 ќесичка сув)
  • 1 лажичка шеќер и 1 лажичка сол
  • Околу 300 мл млака вода
  • 3 лажици масло (плус малку за премачкување)

Подготовка чекор по чекор:

Супер Попуст -25%

1. Активирајте го квасецот: Во малку млака вода ставете го квасецот и шеќерот, па оставете да нарасне.
2. Замесете: Во брашното додајте ја солта, маслото и стасаниот квасец. Постепено додавајте вода додека не добиете мазно тесто што не се лепи.
3. Одмор: Оставете го тестото покриено со крпа на топло место околу 45 минути (да се удвои).
4. Печење: Премесете го, обликувајте тркалезна погача и ставете ја во намрсен плех. По желба украсете со крст од тесто. Печете на 200 степени околу 30-35 минути додека не добие златна боја.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Светот во страв: По Мадуро, Трамп се закани на уште 5 држави – еве кој е следен на листата

Ердоган до Трамп: Не ја туркајте Венецуела во хаос, го кршите меѓународното право