во ,

Новата мапа на здравјето: Во која земја се живее најдолго и најквалитетно


Во кои земји луѓето најдолго живеат во добро здравје?
Fakulteti.mk – [email protected]
2–3 minutes

Во кои земји луѓето најдолго живеат во добро здравје?

Супер Попуст
Банер

Во кои земји луѓето најдолго живеат во добро здравје?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Во 17 земји на ЕУ жените живеат подолг и поздрав живот од мажите, иако мажите обично живеат подолго без ограничувања во активностите и движењето, покажуваат податоците од последното истражување на „Евростат“.

Бројот на здрави години живот изнесува 63,3 години за жените и 62,8 години за мажите.

Жените на Малта можат да очекуваат да поминат 70,3 години без никакви ограничувања во активностите поради здравјето, а мажите 70,1 година, што е во двата случаи највисока бројка забележана во ЕУ.

Ако се фокусираме на жените, висок број години во здравје имаат и Бугарките со 68,9 години и Словенките со 68,5 години.

Наспроти тоа, Данките можат да очекуваат само 54,6 години во здравје, Летонките 55,4 години, а Холанѓанките 56,3 години.

Швеѓаните можат да очекуваат да поминат 67,5 години во здравје, а Италијанците 67,1 години, додека најлоши резултати за мажите се забележани во Летонија со 53 години, во Словачка со 56,6 години и во Данска со 57,1 година.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сенатор тврди дека ќе станеме вонземјани од ракчиња: Што се крие зад бизарната изјава

Спиете 8 часа, а сè уште сте во ризик: Новата опасност наречена „социјален џет-лег“