Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, денеска најави дека на 1 август ќе стапат на сила драстично зголемените американски царински стапки.
Овие царини беа најавени уште на почетокот на април. Потоа, тие беа привремено суспендирани додека беа во тек преговорите со другите држави. Од нив ќе бидат изземени само оние земји кои во наредните денови ќе постигнат билатерални договори со Соединетите Држави.
Како термин за воведување на овие „казнени царини“ претходно се споменуваше 9 јули. Но, претседателот Доналд Трамп уште во петокот, без да наведе детали, рече дека земјите за кои се однесува ова ќе почнат да плаќаат од 1 август.
Овие царински тарифи за некои земји би можеле да достигнат и до 50% од вредноста на стоките и услугите што тие ги извезуваат во САД. Оваа одлука предизвика голема загриженост во меѓународните економски кругови.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден