во ,

Носталгија за СФРЈ: Како некогаш се славеше Денот на Републиката?

Денешниот датум, 29 ноември, некогаш беше најголемиот празник на овие простори – Денот на Републиката, кој се славеше „Од Вардар па до Триглав“.

Овој празник го одбележуваше Второто заседание на АВНОЈ во Јајце (1943), кога беа удрени темелите на социјалистичка Југославија. За Македонија, овој настан има историско значење бидејќи АВНОЈ ги призна македонскиот народ и држава како рамноправни конститутивни елементи, а македонскиот јазик стана службен на целата територија на федерацијата.

Пионерски заклетви и свинкољ

Супер Попуст -25%

Празникот се славеше масовно со свечени академии, културни и спортски настани. За учениците, тоа беше денот кога стануваа „Титови пионери“ (последната генерација е родена 1982 г.), носејќи сини капи и црвени шамии. За повозрасните, особено во руралните средини, 29 ноември стана синоним за „свинкољ“ и богати трпези, користејќи ги неработните денови за зимница. Празникот официјално престана да се слави по распадот на СФРЈ, а во Србија се задржа до 2002 година.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Скандинавија вози на струја: Данска и Шведска се апсолутни лидери во ЕУ по електрични возила

Четири од десет Македонци се „онлајн купувачи“: Каде сме во споредба со Европа?