во ,

Ова е божја волја и наша среќа. Ние мораме да се запознаеме и да наздравиме…


Се случува сообраќајка на автопат, двата автомобили потполно уништени. Од првиот автомобил се извлекува неповреден, маркантен и згоден маж.

Од вториот се извлекува преубава, згодна жена, исто така неповредена. Жената му приоѓа на мажот со шише вино, кое по некое чудо останало здраво и му вели:

– Ова е божја волја и наша среќа. Ние мораме да се запознаеме и да наздравиме за нашето идно пријателство.

Мажот ја погледнал и си помислил: „колку е убава“, го земал шишето вино и наздравил. Потоа и го подал на жената и таа да наздрави. Таа го зела шишето и го затворила.


Мажот ја прашал:

– Па зарем ти нема да наздравиш?

Таа му одговорила:

– Не, јас ќе ја почекам полицијата…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Господине, јас го донесов синот затоа што сакам да работи во полиција…

Колку и се валкани алиштата…