
Тортата на Васа е класик на српската кујна и еден од оние десерти кои се прават само кога сакаме да покажеме посебно внимание.
Богата, мирисна и традиционална, оваа торта и денес го носи духот на старите времиња и е совршен избор за свечени прилики, особено за слави.
Состојки за кора:
- 5 јајца (одвоени белки од жолчки)
- 5 кашики шеќер
- 1 кашика брашно
- 6 кашики мелени ореви
Состојки за фил:
- 7 жолчки
- 170 г шеќер
- 100 г чоколадо
- 200 г мелени ореви
- 100 мл млеко
- 150 г путер
- Рендана кора од портокал
Состојки за шам:
- 4 белки
- 200 г шеќер
- 120 мл вода
- Прстофат сол
Подготовка:
- Кора: Изматете ги белките со шеќерот во цврст шам. Додавајте ги жолчките една по една, матејќи. На крај, внимателно со лажица вмешајте ги брашното и мелените ореви. Смесата истурете ја во подмачкан калап (обично 26 см) и печете во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.
- Фил: Жолчките измешајте ги со шеќерот и гответе ги на пареа со постојано мешање додека не се згуснат. Додадете го стопеното чоколадо и кората од портокал. Во друг сад, загрејте го млекото и прелијте ги мелените ореви, па оставете ги да впијат. Путерот изматете го пенесто, соединете го со изладената смеса од жолчки и потоа додадете ги оревите прелиени со млеко. Сè добро соединете.
- Шам: Направете сируп од шеќерот и водата (вријте кратко додека не почне да се згуснува). Изматете ги белките со прстофат сол, па во тенок млаз сипете го врелиот сируп, матејќи со миксер без престан. Матете уште неколку минути додека шамот не стане густ и стабилен.
- Составување: На оладената кора нанесете го целиот фил, рамномерно распоредете го и одозгора премачкајте со шамот. Тортата треба добро да се излади пред сервирање.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







