во ,

Омлет со туна и зеленчук: Брз оброк што заситуваи се прави без мака

Омлетот е едно од оние јадења што секогаш спасуваат кога сакате нешто брзо, вкусно и заситно. Но кога во него ќе додадете туна, малку свеж зеленчук и сечкан магдонос, обичниот појадок или вечера веднаш се претвора во комплетен оброк.

Супер Попуст -25%

Оваа верзија е идеална за денови кога немате многу време, а сепак сакате нешто домашно и хранливо. Туната му дава посилен вкус и повеќе ситост, пиперката носи свежина, а младиот кромид ја прави целата комбинација уште поароматична.

Потребни состојки

За омлетот: 6 јајца, 200 грама туна од конзерва, 1 црвена пиперка, 2 страка млад кромид, 3 лажици сечкан магдонос, 50 милилитри млеко, 2 лажици масло, сол и бибер по вкус.

За салатата: 150 грама зелена салата, 2 домати, 1 краставица, 1 лажица маслиново масло и сол по вкус.

Како се подготвува

Најпрво исцедете ја туната и раздробете ја со виљушка. Пиперката и младиот кромид измијте ги, па исечкајте ги на ситни коцки.

Во подлабок сад изматете ги јајцата со млекото, половина од сечканиот магдонос, малку сол и бибер. Загрејте масло во поголема тава, па истурете ја смесата со јајца. Печете неколку минути, додека омлетот не почне да се стега.

Во меѓувреме измешајте ја туната со пиперката и младиот кромид. Кога омлетот ќе биде полустегнат, распоредете го филот врз едната половина, а потоа внимателно преклопете го со другата половина.

Оставете да се пече уште две до три минути, додека омлетот убаво не се соедини и не добие полн вкус. Зелената салата, доматите и краставицата измијте ги и исечкајте ги, па зачинете ги со маслиново масло и сол.

Послужете го омлетот топол, заедно со свежата салата. Пред сервирање, одозгора наросете го остатокот од свежо сечканиот магдонос.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен Хороскоп За 30 Јуни: Близнаците Под Притисок, Лавовите Ги Решаваат Љубовните Проблеми

Раното будење не е мода: Еве како може да влијае на расположението и навиките