во ,

Орце Ѓорѓиевски: Од претседател на Унијата на млади сили до кандидат за татко на главниот град

Познат е кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје.

Извршниот комитет на партијата одлучи тоа да биде градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Со неговото име веќе подолг период се шпекулираше во јавноста. Партијата ги соопшти и имињата на кандидатите за неколку други општини.

Образование и почетоци

Ѓорѓиевски е роден на 5 август 1987 година. Тој дипломирал на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје. На истиот факултет завршил на Одделот за политички студии. Магистрирал во областа на менаџмент на човечки ресурси. Активно зборува англиски јазик.

Супер Летен Попуст

Освен богато политичко, тој има и работно искуство во приватниот сектор. Ова го прави кандидат со искуство во повеќе области.

Политичка кариера: Од претседател на УМС до градоначалник

Ѓорѓиевски е член на ВМРО-ДПМНЕ уште од 2005 година. Својата партиска кариера ја започнал како претседател на Месен комитет на Унијата на млади сили (УМС). Подоцна, во 2008 година, станал претседател на УМС за Општина Кисела Вода. Истовремено, станал и член на Централниот комитет на партијата.

Во периодот од 2013 до 2016 година бил член на Извршниот комитет на УМС. Во 2015 година бил назначен и за потпретседател на УМС. Во 2018 година станал и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. На локалните избори во 2017 година бил избран за член на Советот на Општина Кисела Вода. На следните локални избори, во октомври 2021 година, тој победи и стана градоначалник на Општина Кисела Вода.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Реплек“ со одлични резултати: Приход од 16,4 милиони евра и раст на извозот од 18 отсто

Приведен е легендарниот Дејан Савиќевиќ!