
Според изјавата на претставник на Шин Бет за израелскиот Канал 12, одлуката за итна евакуација била донесена по експресна проценка на безбедносниот тим кој утврдил опасност по неговиот живот. Оваа потврда доаѓа по претходните медиумски извештаи дека Јаир Нетанјаху бил мета на ирански оперативци кои го следеле неговото движење во Мајами, на Флорида, каде што престојуваше.
Претходни предупредувања и изјави од израелскиот премиер
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Дека семејството на премиерот е директна мета потврди и самиот Бенјамин Нетанјаху во претходно телефонско интервју за Канал 14, кога јавно објави дека Иран се обидел да ликвидира еден од неговите синови. Иако Шин Бет сега ја потврди сериозноста на заканата и неопходноста од итно враќање, службите сепак не соопштија нови детали за начинот на кој бил планиран наводниот напад или идентитетот на сите вмешани лица.
„По проценка на безбедносниот тим, донесена е одлука Јаир Нетанјаху итно да биде евакуиран заедно со неговото обезбедување и вратен во Израел.“

