во ,

„Падна“ бандата од Лувр: Уапсени крадците на накит вреден 88 милиони евра!

Сите четворица главни осомничени за спектакуларниот грабеж во музејот Лувр, „тежок“ 88 милиони евра, се наоѓаат во притвор, потврди парискиот јавен обвинител Лор Беко.

Последното апсење се случило во вторникот, кога е приведен 39-годишен маж со дебело криминално досие, вклучувајќи шест претходни пресуди. Тој е обвинет за грабеж во банда и членство во криминална организација, придружувајќи им се на тројцата претходно уапсени соучесници зад решетки. Уште три лица (еден маж и две жени) биле приведени, но се пуштени на слобода поради недостаток на докази.

Каде е накитот на кралиците?

Супер Попуст -25%

Иако бандата е „разбиена“, пленот сè уште не е пронајден. Од Лувр беа украдени осум парчиња бесценет накит кои им припаѓале на поранешни француски кралици и царици. Истрагата продолжува со интензивна потрага по украдените предмети и целосно расветлување на тоа како бил планиран и изведен овој грабеж.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Ако го изгубиме единството, губиме сè“: Драматично обраќање на Зеленски по падот на Јермак

Скандинавија вози на струја: Данска и Шведска се апсолутни лидери во ЕУ по електрични возила