
Според информациите од СВР Тетово, инцидентот бил регистриран на 29 август во 23:40 часот, кога полициските службеници интервенирале по пријава и во дворот затекнале четири лица. При претресот и контролата, кај 57-годишниот К.Д. биле пронајдени два пиштоли и поголема количина куршуми, додека на теренот биле забележани и видливи траги од истрели.
Алкотестирање и понатамошна постапка
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
При извршените проверки и алкотестирање, утврдено е дека осомничениот бил во силна алкохолизирана состојба со измерени 1,63 промили алкохол во крвта. Лицето е веднаш лишено од слобода и задржано во полициска станица, а по целосното документирање на овој случај против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
„Полициските службеници од СВР Тетово го уапсија 57-годишниот К.Д. кој со 1,63 промили алкохол пукал од пиштол во двор на викенд-куќа, при што се пронајдени две парчиња оружје и муниција.“


