
Крај за обичните кукли? Кина лансира „плишани мечиња“ со вештачка интелигенција
Светот на играчките доживува радикална трансформација. Кинеските технолошки гиганти како „Хуавеј“ (Huawei), „ЈД.ком“ и „УБТек“ започнаа нова ера на „паметна забава“, интегрирајќи напредна вештачка интелигенција во детските соби. Пример за ова е новата играчка на Хуавеј, „Смарт Хана“ – кадифена кукла која препознава движења и разговара со децата преку гласовниот асистент „Шаои“. Интересот е огромен: само во првата недела биле продадени над 10.000 примероци.
Бизнис од 60 милијарди долари: Од емоционална поддршка до образование
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Ова не се само играчки, туку софистицирани роботи кои нудат емоционална поддршка и помагаат во учењето. Експертите предвидуваат дека глобалниот пазар на AI играчки ќе експлодира и ќе достигне вредност од 60 милијарди долари до 2033 година. Кина веќе го води овој тренд, преместувајќи ја вештачката интелигенција од фабриките директно во секојдневниот живот и домовите на потрошувачите.


