Мистериозната руска радио-станица UVB-76, позната низ целиот свет како „Зујалото“ (The Buzzer), повторно ја разбранува јавноста и ги подгреа теориите на заговор. Во текот на вчерашниот ден, станицата, која со децении емитува само монотоно зуење, испратила две необични и вознемирувачки пораки изговорени од човечки глас: „ИСЦРПЕНОСТ“ и „ДОМИНАЦИЈА“. Двете пораки биле емитувани во размак од помалку од два часа, а нивното значење останува целосна мистерија.
UVB-76 емитува на ниска фреквенција (4625 kHz) уште од 1970-тите години. Поголемиот дел од времето таа емитува само 25 монотони тонови во минута, 24 часа на ден. Сепак, повремено, зуењето престанува за да се емитуваат шифрирани пораки, кои најчесто се комбинација од бројки и имиња.
Иако нејзината точна цел никогаш не е официјално потврдена, традиционално се поврзува со руската војска и се смета за форма на шифрирана комуникација од времето на Студената војна.
Дали е ова механизам за „Мртва рака“?
Она што ја прави оваа станица толку морничава е најпознатата теорија на заговор поврзана со неа – дека таа е дел од рускиот нуклеарен систем за одмазда, познат како „Мртва рака“. Според оваа теорија, доколку Русија биде погодена од прв нуклеарен удар и политичкото и военото раководство бидат елиминирани, прекинот на зуењето би бил автоматски сигнал за системот да возврати со целосен нуклеарен напад врз Западот.
Други, помалку апокалиптични теории, велат дека е уред за контрола на умот, па дури и сигнал за комуникација со НЛО.
The mysterious Russian “Doomsday Radio” station UVB-76 has just transmitted a new coded message:
“NZHTI 72785 GULO BOLT 7614 6467.”
Of course, no one knows what it means. But the buzzer has spoken. pic.twitter.com/bcoSG51pIm
— Brian McDonald (@27khv) October 13, 2025
Повеќе од само случајност – поврзаност со геополитиката
Новите пораки „ИСЦРПЕНОСТ“ и „ДОМИНАЦИЈА“ доаѓаат во време на зголемени глобални тензии, што дополнително ја подгрева љубопитноста. Во минатото, вакви мистериозни пораки биле емитувани непосредно пред или по значајни геополитички настани.
На пример, пораки беа регистрирани непосредно пред телефонскиот разговор меѓу претседателите Путин и Трамп во мај, како и пред нивната средба на Алјаска во август.
„Речиси е сигурно дека ја користи руската влада, а тоа значи дека не е за мирољубиви цели“, изјави професорот Дејвид Стејплс, експерт за радио-инженерство.
Иако вистинското значење на овие два збора веројатно никогаш нема да биде јавно дешифрирано, нивното појавување е јасен сигнал дека нешто се случува зад кулисите на светската политика. Засега, мистериозното „зуење“ продолжува.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден