Еден од потписниците на Преспанскиот договор, Никола Димитров, дава предлог за решавање на проблемот со Бугарија.
Со овој договор се реши 27-годишниот спор со Грција. Во објава на Фејсбук, Димитров пишува дека Преспанскиот договор е силно оружје. Тој смета дека тоа оружје треба да се искористи во спорот со Бугарија.
„Фрапиран сум, Преспанскиот и Францускиот предлог се спротивност“
„Ме фрапира изедначувањето на нерешението на проблемот со Бугарија со решението на спорот со Грција,“ пишува Димитров. Тој потсетува дека во пакетот со Бугарија, Софија официјално изјавила дека македонскиот јазик е дијалект.
„Единствениот меѓународен компромис, со огромна тежина, каде македонскиот јазик навистина е чист, признат и апсолутно неспорен, е Преспанскиот договор. А ние не само што не го користиме, туку и го напаѓаме,“ вели тој. „Затоа не може ниту заедно да ги напаѓате, ниту заедно да ги браните – тие се спротивност!“
„Претседателката кажува невистини за НАТО и Преспа“
Понатаму, тој вели дека претседателката има суштинска невистина во своето излагање. Таа тврди дека со Преспанскиот договор сме се фокусирале само на ЕУ. Димитров вели дека тоа не е точно. „Напротив, во референдумското прашање се разбира се и НАТО и ЕУ,“ пишува тој.
„Уште повеќе, ратификацијата на пристапниот протокол за НАТО во грчкиот парламент беше услов за влегување во сила на Преспанскиот договор.“ „Тоа НАТО во кое сме сега е овде само и само поради Договорот што не се умее или не се сака да се искористи,“ додава тој.
„Дали е мудро токму сега да се напаѓа договорот што го штити јазикот?“
Димитров ја критикува и изјавата на Сиљановска дека Преспа ѝ ги отворила апетитите на Бугарија. Тој вели дека „инспирацијата“ може да биде и фрустрација. Фрустрација, оти токму таму македонскиот јазик е афирмиран. „Нешто што веројатно ако е чесна, ќе си признае дека не било баш едноставно да се обезбеди,“ пишува тој.
На крајот, тој јавно ја прашува претседателката. „Дали навистина, ама навистина смета дека е мудро и логично токму деновиве да се напаѓа меѓународен договор, каде недвосмислено се потврдува македонскиот јазик!?“
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден