
Убедлива победа во Гостивар: Валбон Лимани го „потопи“ Невзат Бејта
Според официјалните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), со преброени над 82% од гласовите (105 од 121 избирачко место), Валбон Лимани од Националната Алијанса за интеграција (НАИ) е новиот победник во Гостивар. Тој води убедливо со освоени 13.784 гласови, оставајќи го својот противник далеку зад себе.
Тежок пораз за ВЛЕН
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден
Кандидатот на коалицијата ВЛЕН, Невзат Бејта, претрпе тежок пораз, освојувајќи речиси двојно помалку гласови – само 7.003. Оваа огромна разлика јасно ја покажува волјата на гласачите во Гостивар и го потврдува триумфот на Лимани уште пред целосното пребројување на сите ливчиња.


