Смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва го потресе целиот свет, особено спортските фанови.
Денес се одржа погребот на двајцата трагично настрадани браќа. Појавувањето на сопругата на Диого Жота, Рут Кардосо, на гробиштата ги потресе сите присутни. Ова беше чин на огромна љубов и уште поголема болка.
Сопругата во бело, неутешна од болка
Имено, таа се појавила облечена цела во бело. Исто како на 22 јуни оваа година, кога пред само две недели двајцата се венчаа. Мајката на три мали деца била целосно неутешна на погребот на својот сопруг.
Таа одела веднаш до ковчегот со телото на својот сопруг. Според изразот на нејзиното лице, се чинело како да ќе се сруши од тага и болка во секој момент. Тука биле и родителите на фудбалерите, Изабел и Жоаким, како и нивниот дедо.
Фудбалскиот свет се прости од својот колега
На погребот присуствувале многу членови на семејството, пријатели и колеги. Таму биле собрани и многу навивачи, кои внимателно следеле сè од другата страна на оградата. Соиграчите на Жота од Ливерпул, Вирџил ван Дајк и Енди Робертсон, носеле венци.
Венците биле со броевите 20 и 30. Тоа се броевите кои Жота и неговиот брат Силва ги носеле во своите клубови. Да ве потсетиме дека во сообраќајната несреќа што се случи во Шпанија на 3 јули, нивното Ламборџини се запалило откако им пукнала гума. Двајцата млади мажи починале на самото место.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден