во ,

По напорниот ден, фармерот отишол до локалниот бар. Седнал покрај една жена и нарачал чаша шампањ…

Реклама

По напорниот ден, фармерот отишол до локалниот бар. Седнал покрај една жена и нарачал чаша шампањ.

Жената се насмевнала и рекла:

– Како да го сфатам ова? Јас токму што нарачав чаша шампањ?

– Каква коинциденција! – рекол фармерот – денес е специјален ден за мене и го славам.

– Денес е специјален ден и за мене и исто така го славам – рекла жената.

– Каква коинциденција! – рекол фармерот.

Откако наздравиле со чашите, фармерот ја прашал жената:

– Можам ли да прашам, што славите вие?

– Па, мојот маж и јас со години се обидуваме да добиеме дете и денес мојот гинеколог ми кажа дека сум бремена!

– Каква коинциденција! Јас сум одгледувач на живина и со години моите кокошки беа неплодни, но денес сите носат јајца!

– Тоа е одлично! Како вашите кокошки станаа плодни?


– Го сменив петелот – одговори фармерот.

Жената се насмеала и рекла:

– Каква коинциденција!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прекрасна студентка во минич полага испит…

16 Жени чијшто брачен живот е бескрајна драма