во , ,

По премиерот Мицкоски, и министерот за надворешни работи се пофали со најновите економски бројки: Раст на извозот од 23,44%

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово сподели податоци за економските политики на Владата.

Податоците, според него, го потврдуваат позитивниот ефект од владините мерки. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот. Ова се случува дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.

Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 година бележи раст. Растот изнесува дури 23,44 проценти. За првите пет месеци од годината, порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто. Ова упатува на стабилен трговски биланс.

„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз. Што значи повеќе свеж капитал во државата,“ напиша министерот Муцунски. Според него, ова е и дополнителен поттик за економски раст. „Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи,“ додаде тој.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новите, драстично зголемени американски царини ќе стапат на сила од 1 август

Трамп со нова закана: 10% царина за секоја земја што ја поддржува политиката на БРИКС