Прекрасна студентка во минич полага испит. Свесна за својата убавина, му вели на професорот:
– Професоре, јас сум подготвена да направам сè за да положам.
– Баш сè?
– Баш сè!
– Дали си целосно сигурна?
– Да, професоре, морам да го положам испитот! Само кажете што сакате да направам.
– Добро, тогаш, кажи ми што правиш во петок навечер?
– Ништо посебно, професоре!
– Е, тогаш би можела малку да учиш!