во ,

Продава жена јајца на пазар. Таа ги продава за 10 денари, а сите останати жени за 5…

Реклама

Продава жена јајца на пазар. Таа ги продава за 10 денари, а сите останати жени за 5. Ѝ велат другите:

– Аман, женска главо, што ти е! Па, ништо нема да продадеш!

– Ќе чекам, не брзам никаде. – одговара таа.

Некаде вечерта, пред затворање на пазарот, доаѓа еден отмен човек, ѝ приоѓа на жената и вели дека му требаат итно 100 јајца, не прашува за цена. Жената му одговара дека има, а тој ја моли да му ги донесе јајцата дома.

– Ќе ги донесам, не брзам никаде.

Ги носи таа јајцата кај човекот, а тој ја прашува дали сака да влезе.

– Ќе влезам, не брзам никаде.

Ја нуди со храна, таа вели:

– Може, не брзам никаде.

После храната, тој ѝ нуди пијачка, а таа вели:

– Ќе пијам, не брзам никаде.

Имаат тие и секс после сето тоа.

– Како беше? – прашува господинот.


– Беше одлично! Утре, кога ќе им раскажувам на другите на пазарот дека продадов 100 јајца по повисока цена, јадев, пиев и имав 3 пати секс, сите ќе ми завидуваат! – одговара таа гордо.

– Но, госпоѓо, ние само еднаш имавме секс. – вели тој.

– Ќе чекам, не брзам никаде…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15+ Родители кои од прва рака знаат дека децата не се само убава слика, туку и напорна работа

Во оптика жената му се обраќа на мажот…