Теоријата „Рамна Земја“ со години опстојува и покрај непобитните докази дека нашата планета е тркалезна, познати уште од старогрчките филозофи.
И додека за повеќето ова изгледа очигледно, некои и понатаму упорно веруваат дека живееме на огромен пловечки диск и не се двоумат да ги шират своите бизарни уверувања. Таквите обиди често завршуваат неуспешно, особено кога станува збор за експерименти со кои наводно би го докажале своето верување.
Популарниот јутјубер и познат рамноземјаш Јеран Кампанела одлучил да го тестира своето верување на самиот континент Антарктик. Експериментот беше објавен на Јутјуб каналот „Final Experiment“, проект за соработка помеѓу рамноземјаши и поборници на тркалезната Земја, со цел дебатата еднаш засекогаш да се реши.
Тестот што ја сруши теоријата
Тестот беше едноставен: набљудување на 24-часовното сонце на Антарктикот. Присуството на овој феномен (полноќно сонце) е невозможно да се објасни доколку Земјата навистина е во облик на диск, па резултатот јасно потврди дека планетата е тркалезна.
Кампанела, кој претходно отворено ја застапуваше теоријата на „Рамна Земја“, беше принуден да ја признае грешката пред камера.
– Добро, луѓе, понекогаш грешите во животот. Мислев дека не постои 24-часовно сонце, всушност бев прилично сигурен во тоа – рече тој во пренос во живо по експериментот.
– Не ги слушајте моите верувања или моето мислење, тоа не би требало да ви биде важно, но барем би требало да бидете во можност да прифатите дека сонцето го прави токму она што овие момци го кажаа – додаде тој, објаснувајќи како неговите ставови сега се промениле.
Повеќе од само експеримент – лекција за прифаќање
Овој експеримент и искреноста на Кампанела би можеле да станат пример за останатите рамноземјаши да ги преиспитаат своите верувања и конечно да ги прифатат фактите кои науката јасно ги докажува, пренесува „Фолдер“.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден