
Потребни состојки за тестото и филот
За овој домаќински колач, кој не бара ниту скапи намирници ниту повеќечасовно стоење покрај шпоретот, потребни ви се следниве состојки:
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
За ровко тесто:
- 300 г брашно
- 1 прашок за печиво
- 150 г путер
- 100 г шеќер
- 4 жолчки
- Изрендана кора од лимон
За богатиот фил:
- 4 белки
- 150 г шеќер
- 150 г мелени ореви
- 3 лажици мармалад од кајсии
- 4 големи јаболка
Подготовка во неколку едноставни чекори
Во подлабок сад измешајте ги брашното и прашокот за печиво, па додадете ги омекнатиот путер, шеќерот, жолчките и кората од лимон. Замесете мазно тесто и поделете го на два еднакви дела. Првиот дел веднаш развлечете го и натапкајте го во подмачкан плех (приближно 20×30 см). Вториот дел завиткајте го и ставете го во замрзнувач добро да се стегне.
За филот, изматете ги белките со шеќерот во цврст снег. Кога ќе добиете густа смеса, со лажица или шпатула лесно умешајте ги мелените ореви и мармаладот од кајсии. Посебно излупете ги и изрендајте ги јаболката.
Врз тестото во плехот прво распоредете ги изренданите јаболка, а потоа прелијте го подготвениот фил од белки и ореви. На крајот, извадете го вториот дел од тестото од замрзнувачот и крупно изрендајте го директно преку филот, за колачот да го добие својот карактеристичен „бушав“ изглед.
„Ставете го плехот во однапред загреана рерна и печете на 200 степени додека колачот убаво не зарумени и не добие златна коричка. Откако ќе се олади, исечете го на коцки и послужете го.“


