
Гравчето е присутно често на македонската трпеза, а едно од најпознатите традиционални македонски рецепти е Тавче гравче. А овој пат за љубителите на овој специјалитет го споделуваме рецептот за подготовка на Тавче гравче на тетовски начин.
Потребни состојки:
- 450 гр грав
 - 1 поголема главица кромид
 - 2-3 чешниња лук
 - Мешан зачин
 - Сол
 - Црн пипер
 - Црвен пипер
 - Суво нане
 - Масло за јадење
 
Подготовка:
- Варење на гравот:
- Гравот добро измијте го, а потоа ставете го да се вари во поголемо количество вода.
 - Варете го додека не омекне, па тргнете го од огнот.
 
 - Подготовка на запршката:
- Во тавче загрејте масло за јадење.
 - Кромидот и лукот исечкајте ги на ситни коцки (или користете сецко), и ставете ги да се пропржат додека не омекнат.
 - Додадете 2 големи лажици црвен пипер и кратко промешајте.
 
 - Зачинување на гравот:
- Сварениот грав префрлете го во голем сад, додајте ја запршката и убаво промешајте.
 - Зачинете со мешан зачин или сол, црн пипер и малку суво нане за уникатен вкус.
 
 - Печење:
- Зачинетиот грав ставете го во плех и печете го во загреана рерна на 200°C додека не се искрчка и не добие златна боја.
 
 - Сервирање:
- Послужете го Тавче гравчето со свежа салата по ваш избор и уживајте во овој традиционален македонски специјалитет!
 
 
Бон апетит!
- 
La Linea v1
699 ден
559.20 ден - 
Петок
699 ден
559.20 ден - 
La Linea v3
699 ден
559.20 ден - 
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден - 
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден - 
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден 







