во ,

Роналдо конечно ја запроси Џорџина: „Таа е единствена, го најдов тоа што го барам“

Кристијано Роналдо неодамна конечно се сврши со својата долгогодишна партнерка, Џорџина Родригез, а сега зборуваше подетално за нивната врска.

Прославениот фудбалер откри дека трагичната загуба на нивниот син Анхел, кој почина веднаш по раѓањето, уште повеќе ги зближила.

„Понекогаш во врската имате добри моменти, а понекогаш и тешки моменти. Тоа е дел од патувањето, но веројатно ја зајакнавме нашата врска уште повеќе во тој период“, беше искрен фудбалерот во гостувањето кај Пирс Морган.

„Таа е личност што ме разбира“

Роналдо призна дека децата многу го промениле и дека ја гледа ќерка си како „кралица на семејството“. Тој се осврна и на квалитетите на Џорџина, кои најмногу ги цени.

„Верувам дека е единствена по тоа што се грижи за мене, што е многу важно. Се грижи за семејството, за куќата… Покрај нејзините квалитети, нејзиното тело и сè што сакам, таа е личност што ме разбира. Тоа е она што го барам“, рече Роналдо.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Инфлацијата повторно „до плафон“, храната поскапа за 7 отсто!