
Лесли Харви од северен Велс сакал да направи нешто убаво.
Додека неговата мајка, 65-годишната Сара Џејн Харви, лежела во болница, тој одлучил да ја среди нејзината куќа. Како таксист, бил навикнат на долги денови, но таа есенска вечер, во далечната 1960 година, ништо не можело да го подготви за она што ќе следи.
Призорот што ќе го памети засекогаш
Кога почнал да го преместува мебелот, наишол на стар орман на врвот од скалите – висок речиси два метри. Секогаш бил заклучен, а отсекогаш се знаело дека внатре стојат заборавени работи од поранешни потстанари.
Љубопитен, одлучил да погледне што се крие зад вратата, пренесува „Daily Star“. Го отклучил орманот, ги тргнал слоевите стари работи и останал во шок. Под дебелите наслаги прашина и пајажина се наѕирало нешто злокобно. Кога го тргнал прекривачот – се следил од ужас! Пред него се појавило мумифицирано човечко тело.

Сослушана во болнички кревет
Во еден миг, семејната куќа се претворила во место на злосторство. Телото било идентификувано како Френсис Елис Најт, поранешна потстанарка која живеела кај Харвиеви за време на Втората светска војна. Таа била во своите шеесетти години и делумно неподвижна.
Госпоѓа Харви на полицијата ѝ признала дека една ноќ во 1940 година, загрижена за здравјето на својата потстанарка, отишла во кујната да ѝ свари чај. Кога се вратила, тврдела таа, Френсис веќе била мртва.

Повеќе од само криење – траги од давење?
Во страв, тврдела таа, не повикала никого. Наместо тоа, го odvлеклa телото во орманот, ја заклучила вратата и почнала да ја подига нејзината неделна пензија од две фунти – што низ годините изнесувало повеќе од 2.000 фунти. На соседите им велела дека Френсис се преселила во старечки дом. Телото останало скриено речиси 20 години.
Кога истражителите внимателно го извадиле мумифицираното тело, откриле згрчена положба и избледена ноќница. На вратот пронашле траги од чорап кој делувал како „јамка“ – што укажувало дека Френсис можеби не умрела природно.

Како одлучила поротата?
На судењето, обвинителството тврдело дека Сара ја задавила својата потстанарка со чорап, веднаш откако добила дозвола да ги подига нејзините пари. Одбраната, пак, тврдела дека Френсис патела од силна настинка и дека е „познато“ оти се става чорап околу вратот заради топлина.
На крајот, поротата не сметала дека чорапот е затегнат насилно, па Сара била ослободена од обвиненијата за убиство, но осудена за измама. Добила казна затвор од 15 месеци. По излегувањето од затвор, таа починала во старечки дом. Приказната за „мумијата во орманот“ остана една од најморничавите мистерии во Велс.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







