
Почна извлекувањето на богатството од дното на морето: Вредноста на товарот во потонатиот брод е 10 милијарди долари!
Топ, три монети и порцелански сад се првите предмети што колумбиските научници ги извлекоа од дното на Карипското Море, каде што митскиот шпански галеон „Сан Хозе“ потонал во 1708 година за време на напад од англиската флота. Се верува дека на бродот има околу 11 милиони златници и сребреници, смарагди и друг драгоцен товар, чија вредност се проценува на вртоглави 10 милијарди долари.
Локацијата е државна тајна
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден

Колумбиските истражувачи го открија галеонот во 2015 година, но поради законски и дипломатски размирици (спорови се водат меѓу САД, Колумбија и Шпанија), точната локација сè уште се чува како најстрога државна тајна.
Владата на претседателот Густаво Петро објави дека целта на експедицијата не е само вадење на богатството, туку научна истрага за причините за потонувањето. Извлечените предмети ќе бидат конзервирани во специјална лабораторија.



