во ,

Свештеник од едно мало село бил голем љубител на птици и живина, па ги чувал во кафез зад црквата…

Реклама

 

Свештеник од едно мало село бил голем љубител на птици и живина, па ги чувал во кафез зад црквата. Едно неделно утро, при вообичаеното обиколување на живината, забележал дека му исчезнала најубавата патка и бидејќи знаел дека некој ја украл пред мисата решил да ги испита верниците:

– Кој има патка?

Сите мажи станале.

Свештеникот вели:

– Не, не мислев така. Дали некој видел патка?

Сите жени станале.

Свештеникот вели:

– Не, не, ни тоа не го мислев. Дали некој видел туѓа патка?

Половина од жените станале.

Свештеникот повторно:

– Не, не и не. Мислев дали некој ја видел мојата патка?

Станале министрантите, двајца помлади свештеници и една коза.

Свештеникот извикал:


– Ма неее, мислев дали некој сега држи патка во рацете?

Станува девојката во задната клупа и му вели на момчето до неа:

– Убаво ти реков дека ќе не види!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мажот ја носи жена му на прва партија голф во нејзиниот живот…

Мујо купил нова бушилица и сакал да пробуши неколку дупки да види како работи…