во , ,

СДСМ до Мицкоски: Младите не бегаат затоа што не сакаат да имаат семејство, туку затоа што не можат да си го дозволат тоа!

„Наместо да создава услови младите да останат тука и да формираат семејства, Мицкоски ги брка од државата.“

„Тој ги брка со зголемување на сиромаштијата и нееднаквоста, без да понуди каква било јасна перспектива.“ Ова го велат од СДСМ во денешната реакција на последните изјави на премиерот за демографските политики.

„Младите не бегаат затоа што не сакаат семејство, туку затоа што не можат да си го дозволат“

„Наместо да понуди современа, хумана и искрена поддршка за младите семејства, тој вели дека ќе ги едуцирал за ‘семејните вредности’,“ се вели во соопштението. „Демографијата не се решава со кампањи, туку со стабилни и добро платени работни места, достапно и квалитетно здравство.“

Супер Летен Попуст

„Младите не бегаат затоа што не сакаат да создадат семејство, туку затоа што не можат да си го дозволат тоа. Ова е директен резултат на промашените и класично десничарски политики на оваа влада,“ обвинуваат од СДСМ.

„Стандардот е намален за 20%, се богати само елитата околу Мицкоски“

Од партијата тврдат дека стандардот на граѓаните е намален за 20%. „Се богати само елитата околу Мицкоски, а за останатите граѓани нема никаква корист од владините политики.“ „Ако навистина сакаше да се раѓаат деца во Македонија, ќе се грижеше најпрво нивните родители да бидат сигурни.“

„И да ја гледаат својата иднина тука. Таква политика од Мицкоски нема,“ соопшти СДСМ. Тие додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ ја турка Македонија назад и дека немаат ниту план, ниту капацитет за развој на економијата.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп со нова закана: 10% царина за секоја земја што ја поддржува политиката на БРИКС

Хеликоптерот на МВР со 7 налети и 10 тони вода го гаснеше пожарот кај Блаце