во , , ,

„Симпсонови“ – интересни факти што можеби не сте ги знаеле за познатата серија

Знаете сè – најдолгата анимирана серија досега, најомилените херои на измислен град, смешни ситуации и милион познати личности – серијата „Симпсонови“.

Сепак, во продолжение ви нудиме неколку факти што можеби не сте ги знаеле за вашите омилени жолти херои.

Зошто жителите на Спрингфилд се жолти?

Заслугите се на поранешниот аниматор на кој му била дадена задача да ги обои оригиналните цртежи од креаторот Мет Гронинг.

– Била избрана жолтата боја поради косата на херојот. Не било нацртано каде им завршува челото, па аниматорот избрал жолта боја затоа што е слична и на бојата на лицето и на бојата на косата.

Името зад облакот е важно…
На најавната шпица на „Симпсонови“ го гледате презимето на хероите од серијата како излегува од облак.

Во моментот кога се открива името на серијата и познатото семејство, гледаме само „Симпс“, што е половина од зборот „Симпсонови“. Ова е направено намерно за да имаме време да сфатиме дека станува збор за едноставни, поточно приглупи луѓе, кои на крајот и ги гледате во серијата. Зборот „Simps“ е кратенка за „simpletons“, што значи глупави луѓе.


Зошто Спрингфилд?

Името на градот е позајмено од стиком-серијата од 50-тите години „Тато знае најдобро“, а и затоа што звучи досадно како што треба.
За локацијата на градот, Ентони Рејес, кој бил дел од продукцијата на „Симпсонови“, вели дека има океан на исток и на запад.

– Во една епизода рековме дека источен Спрингфилд е со големина на три држави Тексас, а во друга го гледаме Хомер како го чисти снегот пред куќата наутро, а навечер пие лимонада на лежалка во дворот – вели Рејес.

Рејес додава и дека Сем Сајмон, коавторот на серијата, всушност ги дизајнирал Симпсонови, а потоа ги споделил со Мет Гронинг, кој ја собрал целата слава како креатор.

Сајмон, кој почина во 2015 година, ја напишал епизодата „Фламин Мос“, во која Хомер прави коктел, но Мо ги зел заслугите за коктелот и почнал да го продава. Хомер полудува и го уништува рецептот, како и шансата и двајцата да заработат милиони.

Тајната епизода со Мајкл Џексон

Кралот на попот беше гостин во „Симпсонови“ во 1991 година, а гледачите можеа да уживаат во неговиот глас во текот на епизодата.

Иако ги снимал дијалозите, Џексон не сакал да пее. Наместо сам да ја заврши работата, тој го донел „овластениот имитатор“ Кип Ленон за да сними делови од песната.

Кога го прашале зошто не ги пее деловите сам, Мајкл без многу објаснување рекол: – Тоа е шега за моите браќа.

Во серијата не гостуваат оние што креаторите најмногу ги сакале

„Битлси“, Стивен Хокинг, Елизабет Тејлор, Мајкл Џексон… ова се само некои од имињата што ги позајмиле своите гласови за хероите од Спрингфилд.

Но, оние што никогаш не се согласиле да се појават во серијата, иако биле поканети неколку пати, се Брус Спрингстин и Том Круз.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Серијата „Симпсонови“ го предвиде патувањето на Ричард Бренсон до вселената

После 13 години поминати во сафари парк, горилата Џоши ќе живее во џунгла