
Во срцето на Кина, на планината Чисинг во провинцијата Хунан, се наоѓа нова адреналинска атракција наречена Виа Ферата или „небесна скала“, дизајнирана само за најхрабрите. Оваа спектакуларна „скала кон небото“ е поставена над бездна длабока 1.500 метри, каде посетителите висат над празнината, обезбедени со кациги и заштитни појаси.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
„Небесната скала“ е наменета за љубителите на екстремни авантури кои сакаат да го тестираат својот страв од височини. Видеа од смелите посетители кои ја искусиле оваа опасна патека веќе кружат на интернет, привлекувајќи големо внимание. За безбедност, атракцијата е забранета за лица со висок крвен притисок и срцеви заболувања, пренесува New York Post.
Во моментот, пристап до „небесната скала“ имаат само претставници на медиумите и инфлуенсерите, но се очекува таа официјално да биде отворена за јавноста за две недели. Билетот за оваа уникатна авантура ќе чини околу 100 долари, нудејќи несекојдневно искуство за сите кои се доволно храбри да се искачат над облаците.


