„Јавноста е сведок на враќањето на старите шеми, односно повторно профункционира ‘тефтерчето’.“
Ова е видливо со изборот на судијката Даниела Димовска за в.д. претседател на Основниот кривичен суд – Скопје. Премиерот Христијан Мицкоски молчи за оваа одлука, реагира партијата Левица. Тие велат дека Мицкоски замолчил за институцијата што до неодамна ја нарекуваше „мафијашка“.
11-то рангирана судијка избрана за шефица на Кривичен, спротивно на законот
„Наместо најавените ‘професионални институции’, јавноста е сведок на враќање на старите шеми. Политичката лојалност повторно станува поважна од стручноста,“ се вели во реакцијата. Во фокусот е скандалозниот избор на судијката Димовска.
Иако таа била единаесетта според бодовите, Судскиот совет ја избрал неа. Ова е спротивно на членот 89 од Законот за судовите. Тој јасно пропишува дека се избира судија со највисока оцена и најмногу бодови. Пред само три месеци, судот во Охрид избрал в.д. претседател токму по тој принцип.
Партиски врски и сопруг во кабинетот на Муцунски
Опозициската партија наведува дека Димовска има партиско минато. Таа била асистент на пратеникот Влатко Ѓорчев. И советничка на претседателите на Собранието, Трајко Вељановски и Љубиша Георгиевски. Дополнително, нејзиниот сопруг работи во кабинетот на министерот Тимчо Муцунски.
Контроверзноста е зголемена и со друг факт. Нејзината кандидатура била предложена од Данка Ристова. Таа е нова членка на Судскиот совет и сопруга на градоначалникот на Радовиш од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски молчи, а до вчера бараше оставки
Од Левица потенцираат дека интерпелациите на членовите на Судскиот совет биле обид за дисциплинирање. Советот, велат тие, сега беспрекорно ги спроведува партиските желби. „И додека стручната јавност алармира за кршење на законот, премиерот Мицкоски молчи,“ стои во реакцијата.
„Политичките аналитичари коментираат дека неговото молчење станува ‘злато’. И тоа, во мигот кога Судскиот совет почнува да ја испорачува ‘кадровската сметка’ на новата власт.“
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден