во ,

Скопје конечно блесна? Мицкоски и Ѓорѓиевски во ноќна инспекција на плоштадот

Премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, извршија вечерна обиколка на главниот град за да се уверат во моменталната состојба со хигиената.

Мицкоски на својот Фејсбук профил објави дека го посетиле плоштадот и дел од Градскиот парк, истакнувајќи: „Сè беше чисто и средено како што доликува за нашето Скопје!“

„Конечно личи на метропола“

Градоначалникот Ѓорѓиевски исто така сподели впечатоци, нагласувајќи дека Скопје „конечно личи на метропола“. Тој напиша: „Улиците и плоштадите чисти, полни со посетители – ја нема онаа лоша слика на која навикнавме. И никогаш повеќе нема да се повтори“.

Најава за почеток на Луна Паркот

За време на обиколката, двајцата го посетиле и просторот предвиден за Луна Парк. Мицкоски и Ѓорѓиевски најавија дека наскоро ќе започне постапката за негова реализација, со порака од градоначалникот дека „најдоброто доаѓа“.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Финскиот претседател со јасна порака: „Корупцијата е проблем, но не смееме да ја оставиме Украина сама“

Албанија незапирлива кон ЕУ: Отворен и последниот Кластер во Брисел!