
„Ербас“ ќе приземји околу 6.000 авиони откако било утврдено дека силната сончева радијација може да влијае врз компјутерите за контрола на летот.
Проблемот бил откриен по истрагата за инцидент од минатиот месец, кога авион на „ЏетБлу“ нагло изгубил висина на лет од САД до Мексико, при што биле повредени 15 лица. Се испоставило дека на големи надморски височини, софтверот што ја пресметува висината може да биде оштетен од силното сончево зрачење.
Хаос во авиосообраќајот: Погодени „Визер“, „Ер Франс“ и „Американ Ерлајнс“
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Оваа мерка ќе предизвика одложувања низ целиот свет. Погодена е целата флота од семејството „А320“ (вклучувајќи ги А318, А319 и А321). Унгарската „Визер“, која врши 60% од летовите во Македонија, потврди дека ќе има одложувања поради ажурирање на софтверот. Најтешко погодена е „Ер Франс“ со 50 откажани летови, а во САД „Американ Ерлајнс“ пријави проблеми кај 340 летала.
Решение: Ажурирање на софтвер или замена на хардвер
За 5.100 понови авиони, проблемот ќе се реши со брзо софтверско ажурирање од три часа. Меѓутоа, околу 900 постари модели ќе останат приземјени подолго, бидејќи кај нив ќе биде неопходна физичка замена на компјутерите.


