во ,

СТАБИЛНО, НО СТУДЕНО: По утринската магла, нè чека сончев ден со температури до 19 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени Целзиусови.

Времето во Скопје

Во Скопје, преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер, а претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Какво време нè очекува?

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност, а по одделни котлини и понатаму ќе има услови за појава на магла.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 12 НОЕМВРИ: Некој го одвлекува вниманието Водолија, Бик – денот е ветувачки

ЗАГРЕБ СТАВИ РАМПА: Забранети усташки симболи и поздравот „За дом спремни“ на јавни настани.