Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, ја опиша својата нова функција како улога на „мајстор што поправа расипани работи“.
Оваа изјава доаѓа во момент кога Дирекцијата се наоѓа во исклучително тешка, речиси хаотична состојба. Ангелов најави дека очекува ДЗС и Центарот за управување со кризи (ЦУК) да се обединат во една институција по локалните избори.
Наследство од проблеми: Од ер-трактори до недостаток на пилоти
Ангелов потенцираше дека ова е вторпат премиер да го испрати да „крева“ пропадната институција. „Минатиот пат кога претходниот премиер ме прати во ЦУК ме прати да ја доведам институцијата во ред бидејќи беше пропадната и нефункционална во пресрет на ковид кризата.
Сега премиерот ме праќа по наш претходен договор да ја кренам ДЗС која се наоѓа би рекол во хаотична состојба“, рече Ангелов. Тој се надева дека ДЗС и ЦУК ќе се обединат, а процесот би можел да се заокружи по локалните избори, благодарение на силната поддршка на премиерот Христијан Мицкоски.
За состојбите во ДЗС, Ангелов рече дека се во исклучително тешка состојба. Тоа е меѓу другото и поради тоа што претходниот директор е во притвор поради трагедијата во Кочани, што дополнително ја влошило ситуацијата. „Во овој момент состојбата со ер-тракторите е исклучително комплицирана.
Едниот Ер трактор го вративме од сервис. Останатите два би рекол се на сервис но заглавени поради финансиски потешкотии бидејќи Дирекцијата не може сама да ги сноси трошоците, кои ги надминуваат планираниот буџет но верувам дека со силна поддршка на премиерот и на Владата ова ќе биде надминато“, објасни Ангелов.
Долгорочна стратегија: Обезбедување пилоти и нов интегриран систем
Ангелов истакна дека се во тек разговори со потенцијални пилоти, бидејќи недостасуваат двајца. Веќе имал средба со еден пензиониран пилот и верува дека ќе постигнат компромис и дека ќе помогнат и ова лето. „Гледаме и стратешки и долгорочно, размислуваме како да произведеме наши нови пилоти“, рече Ангелов.
Тој најави дека како директор детално ќе ја разгледа Дирекцијата, ќе го проучи човечкиот и техничкиот потенцијал и ќе ги детектира бројните недостатоци. Сите тие ќе бидат целосно отстранети во новата институција која ќе ги обедини функциите на Центарот за управување со кризи и на Дирекцијата за заштита и спасување.
На формирањето на овој современ и функционален, интегриран систем, кој ќе има капацитети да одговори на сите предизвици и ризици, целосно усогласен со стандардите на ЕУ и НАТО, забрзано се работи како стратешка заложба на Владата. Ангелов изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Владата за укажаната доверба.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден